СиТ Кариера

Како мултинационален, мултикултурен провајдер на комплетни ИТ стратегии, деловно работење и системи, С&Т ги поврзува истокот и западот на високо стручно, hi-tech ниво. Но и покрај сета технологија, сепак луѓето се оние кои ја играат главната улога. Ние сме свесни дека деловниот успех се заснова на нашите вработени и индивидуалниот придонес на секој од нив.
Job Offers

Вработените се поттикнуваат да придонесат со својата стручност, знаење, вредности и култура кога стануваат дел од С&Т групацијата како активни членови на персоналот. С&Т ги поддржува нивните идеи, креативност и работење, развојот на нивната стручност и личност и исполувањето на нивните професионални цели во нивната земја или надвор.

С&Т се стреми кон „деловен перфекционизам“ и „давање признание за индивидуалност и поттикнување на тимска работа„, и вработените уживаат мотивирачка работна атмосферата.

С&Т има висока репутација во централна и источна Европа (CEE), како и во Германија, Австрија и Швајцарија (DACH). Имаме големо искуство во успешно интегрирање на стекнатите компании и историја како сигурен, фер и атрактивен работодавец благодарени на карактеристиките како:

  • Финансиска стабилност, континуиран развој и деловен успех
  • Големи можности за професионален развој, со подобрување на стручноста преку интензивна
  • Атрактивни пакети на компензација со разновидни премии и бенефиции прилагодени на нашите локални пазари
  • Високи стандарди во нашите HP процеси

Нашите клучни карактеристики како работодавец вклучуваат:

  • Можност за самостојна организација на работата
  • Отворена комуникација без хиерархиски бариери
  • Постојани нови предизвици преку континуиран развој на компанијата
  • Поттикнување на тимска работа со водечки експерти во меѓународните мрежи

Наш клучен пристап е ангажирање на локални луѓе на нашиот локален пазар, луѓе кои ја познаваат средината. Наш приоритет е и стручноста во одредени индустрии во областа на консултантсвото, што на луѓето им ја нуди потребната мобилност и волја да патуваат и учествуваат во сериозни меѓународни проекти. Тоа значи дека можете да градите експертска или менаџмент кариера во својата земја , без да бидете прераспределувани, но ние исто така нудиме и можност за работа во други земји во рамките на вашата функција или на други локации.

Горди сме што можеме да понудиме атмосфера која е меѓународна, но имплементира единствено корисни стандарди и избегнува непотребна унификација. На нашите вработени и локални организации им даваме многу доверба а со тоа и независност, што значи дека доколку сте одговорен, сигурен, и можете автономно да работите, вие сте на правото место работејќи за нас.