Профил на компанијата

СиТ Македонија е водечки интегратор во областа на ИТ системите на територија на Република Македонија. Својата понуда ја заснова врз креирање на решенија базирани на потребите на клиентите, истовремено нудејќи ИТ решенија базирани врз водечка светска технологија.

С&Т Македонија создава конкретни ИТ решенија креирани според потребите на своите клиенти во следните области:

Јавни и владини институции:

  • Агенција за цивилна заштита
  • Министерство за финансии
  • Министерство за внатрешни работи
  • Министерство за одбрана
  • Влада на Република Македонија

Телекомуникации:

  • Македонски Телекомуникации АД
  • Телеком Македонија АД
  • ОНЕ Телекомуникациски услуги
  • ВИП оператор ДООЕЛ ("Limited Liability Company (Sole Proprietorship)"

Енергетика:

  • Електрани АД
  • ЕВН АД
  • Мепсо АД

Финансиски институции:

  • Народна Банка на Република Македонија
  • Комерцијална Банка
  • Прокредит Банка
  • Халк Банка
  • Тутунска Банка
  • Кјуби Македонија

Индустрии:

  • Макстил АД
  • Окта АД
  • Метал Стил

Автомобилска индустрија:

  • МакАутоСтар
  • Еуро импекс
  • Диро доо
  • Мак Кар

Благодарејки на својот професионален и деловно ориентиран пристап, како и на професионалната експертиза за својот стручен тим, компанијата години наназад ја оддржува водечката позиција на ИТ интегратор на територија на Република Македонија. Својата деловна позиција и идниот развој и раст, СиТ Македонија ја гради врз темели на исклучително познавање на деловниот процес на своите клиенти, и со специфичен приод кон важноста на ИТ технологијата во секојдневните работни процеси.

Компанијата СиТ Македонија е дел од S&T Групацијата, со седиште во Виена- Австрија. Компанијата S&T е присутна во 22 земји од Централна и Источна Европа, регионот на Германија-Австрија-Швајцарија, како и на територија на Азија, вработувајќи околу 3100 лица. Акцииите на компанијата, од 2003та година котираат на Виенската берза на акции Wiener borse.
Компанијата е присутна во следниве земји: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка република, Германија, Унгарија, Јапонија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Турција и Украина.

СиТ Македонија како дел од S&T Групацијата, има директни договори со повеќето водечки светски ИТ вендори. Тоа ни овозможува најквалитетен однос со принципалите, како и можност за следење на најновите информации од оваа област. Тимот на СиТ Македонија брои 26 вработени.