Корпоративна одговорност

Вклученоста на С&Т групата во долгорочниот развој на пазарите и земјите во кои е вклучена не е ограничена на нејзината главна дејност. Интеракцијата со бизнис опкружувањето и активното учество на компанијата во општествениот развој се особено значајни за нас.

Поради тоа, С&Т спонзорира голем број разновидни иницијативи и проекти во образовниот, научниот, уметничкиот социјалниот и спортскиот сектор во повеќе земји.
Во Австрија, С&Т е во моментов вклучен во уметнички проекти и трки со мотори.